ВИДЕО | Русија ги размести воените трупи

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Армиските единици на рускиот источен воен округ се распоредени на оддалеченост до 10.000 километри во рамки на инспекцијата на силите за реакција, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Шојгу изјаво дека првата фаза од проверката е во тек и дека единиците на авијацијата и воздушната одбрана се преместени, пренесува РИА Новости.

русија тенкови EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Според него, војниците ќе вежбаат заштита и одбрана на државните и воените објекти, како и државните граници во воздушниот простор, во рамките на Единствениот регионален систем за воздушна одбрана на Белорусија и Русија.

Проверката на реакцијата на сојузните државни сили се одвива во две фази. Во првата фаза, до 9 февруари, ќе се формираат воени групи на територијата на Белорусија.

Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Во втората фаза, од 10 до 20 февруари ќе се одржи заедничка вежба „Сојузничка определба – 2022“ во чии рамки ќе се вежба сузбивање и одбивање на надворешна агресија, како и борба против тероризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот