ВИДЕО: Роботи-кучиња ќе им помагаат на полицајците во Њујорк

Фото: AP / print screen

Њујоршките полицајци добиваат помош каква што досега немале можност да имаат – два роботи-кучиња, наречени „Digidogs“, ќе им помагаат на органите на редот во бркањето криминалци, јавува агенцијата „АП“.

Роботите се создадени и произведени од реномираната компанија „Boston Dynamics“ (која инаку порано беше во сопственост на „Google“, а сега е дел од автомобилската групација „Hyundai“), во соработка со „Knightscope“.

Полицијата ќе ги користи четириножните роботи за различни задачи и тие треба да помогнат за подобрување на безбедноста на полицајците. Роботот „Spot“, кој беше претставен пред неколку години, постојано се усовршува. Њујоршката полиција пред неколку години веќе имаше сличен проект со роботи-кучиња, но поради лошите реакции на јавноста, проектот беше прекинат.

„Кучињата“ ќе се користат како поддршка во ситуации во кои е опасно да се изложуваат луѓето – како оние во кои има земање заложници, објаснија од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот