-2 C
Скопје

ВИДЕО: Реал продолжува да подарува бодови, овој пат Алавес ги однесе трите бода

Актуелниот шампион Реал Мадрид во десеттиот натпревар оваа сезона во Ла Лига го доживеа третиот пораз. „Кралевите“ овој пат загубија од Алавес и тоа на домашен терен со 1:2.

Изненадувањето го најави Лукас Перез во петата минута кога ги донесе гостите во водство по прецизно изведениот удар од белата точка.
Во финишот на првиот дел, Реал Мадрид беше блиску до израмнување но во два наврати голманот на Алавес, Пачеко одлично интервенираше при ударите на Тони Крос.


На стартот од вториот дел, „кралевите“ повторно доживеаја шок. Голманот Тибо Куртоа наместо на своите играчи, топката при исфрлањето му ја додаде на Хоселу кој немаше проблеми да го погоди празниот гол на Реал.
До крајот на натпреварот, Каземиро во 87. минута го постигна голот за Реал, а во судиското продолжение Серхио Рамос ја погоди пречката што беше последна шанса да се избегне поразот.

Прочитајте и...  Непотизам во Романија, синот на тренерот игра по 20 минути на секој натпревар


За разлика од Реал, вториот тим од Мадрид, Атлетико реди победи. „Јорганџиите“ славеа на гостувањето кај Валенсија со автоголот на Лато во 79. минута и се израмнија со Реал Сосиедад на врвот на табелата. И двете екипи имаат по 23 бода, но Атлетико има и натпревар помалку.
Минмален триумф забележа и Севиља на гости кај Хуеска. Голот вреден три бода го постигна Ел Несири во 83. минута.

Резултати:
Елче – Кадиз 1:1
Валенсија – Атлетико Мадрид 0:1
Хуеска – Севиља 0:1
Реал Мадрид – Алавес 1:2

Поврзани вести

Манџукиќ и официјално нов член на Милан

Слободен печат

Начевски и Николов ќе ја делат правдата на натпреварот Хрватска – Катар

Слободен печат

Е. Пелистер против Татабања двата натпревари ќе ги игра во Битола

Слободен печат

Непотизам во Романија, синот на тренерот игра по 20 минути на секој натпревар

Слободен печат

Милион луѓе го следеле летот на Озил до Истанбул

Слободен печат

Реал Мадрид си договори фантастично засилување, Алаба четири години на „Сантијаго Бернабеу“

Слободен печат

Остави Коментар