ВИДЕО | Психолог смета дека треба да го знаеме одговорот на овие 15 прашања за партнерот доколку сакаме врската да има иднина

Љубовен пар / Фото: Pexels/Leeloo Thefirst

Терапевтот и експерт за љубовни врски, Џеф Гунтер, неодамна сподели на својот профил на Тик-ток  кратко видео во кое објаснува 15 мали, но значајни информации кои секоја личност треба да ги знае за својот партнер во првите шест месеци од врската.

Видеото за кратко време стана многу популарно – погледнато е повеќе од четири милиони пати!

Гунтер, којшто магистрирал брачна и семејна терапија на Универзитетот во Јужна Каролина, тврди дека доколку сте во добра врска која има иднина, партнерите во периодот од шест месеци, веќе мора да ги знаат одговорите на следните 15 прашања.

1. На кој начин сакаат да го одбележат својот роденден?

2. Колку време им е потребно да бидат насамо, ако тоа воопшто им треба?

3. Која е нивната омилена храна?

4. Што ги придвижува и поправа расположението?

5. Колку им е потребно за да се подготват и излезат надвор?

6. Која е нивната омилена ТВ-емисија, филм и бенд?

7. Кое е нивното најконтроверзно мислење?

8. Кој е нивниот најдобар пријател и зошто?

9. Кој член од семејството најмногу ги предизвикува, вознемирува?

10. Што може веднаш да ги насмее?

11. Која е нивната најголема несигурност?

12. Кој е најдобриот начин да им дадете поддршка кога се под стрес или вознемирени?

13. Што тие всушност сакаат од оваа врска?

14. На што се подготвени да се расфрлаат со пари?

15. Кое е нивното најголемо задоволство?

@therapyjeff 15 small but very significant things you should know about your partner 6 months in to relationship. #relationshiptips #love #datingadvice #mentalhealth #therapy #dating ♬ original sound – TherapyJeff


Гинтер за магазинот „The Knot“ објасни зошто е клучно да се знаат одговорите на некои од споменатите прашања.

– Доколку знаете како вашиот партнер реагира на своето семејство, нема да бидете отфрлени или збунети кога некој од нив ќе ги вознемири. Наместо тоа, ќе знаете како да го поддржите во тешките времиња. И што е нaјважно, ако направите нешто што ќе ги потсети на нивната семејна динамика која доведува до емотивен вртеж, ќе може да ја разберете ситуацијата и да не го сфаќате проблемот лично. Нашите стари семејни обрасци неизбежно повторно се појавуваат во нашите романтични односи. Мудро е да се биде подготвен да се справите со нив – вели терапевтот.

Тој исто така, нагласува дека е важно да го дознаете најдобриот начин да му помогнете и да го поддржите партнерот кога ќе се изнервира и ќе му дојде сè преку глава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот