ВИДЕО: Протестен марш за случајот „Монструм“

Со многу албански знамиња, транспаренти против обвинeнијата и обвинителката Фатиме Фетаи за случајот Монструм, како и со извици „УЧК“ стотици Албанци денеска излегоа на протестен марш во центарот на Скопје за да го изразат своето незадоволство поради тоа што јавното обвинитество на повтореното судење побара доживотни затворски казни за обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Тезата која ја поддржуваат демонстрантите е дека случајот е намерно исцениран и политички монтиран за да се обвинат Албанци и да се создаде раздор меѓу граѓаните во државата.

Тие го осудуваат чинот на убиство но мора да се најдат вистинските злосторници, а според нив тоа не се сегашните обвинети за овој случај.

Правниот систем одамна е корумпиран и се зборува за него во Европа. И Прибе реагираше дека не фунционира правниот систем. Треба правда за сите луѓе во државата. Има „црна рака“ која оперира во системот и тоа треба да престане. Поради тоа страдаат и македонски граѓани, велат демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот