ВИДЕО: Прекрасен гол на Мајкл Кин, Евертон и Тотенхем ремизираа на „Гудисон“

фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Во 29 коло од Премиер лигата екипите на Евертон и Тотенхем одиграа нерешено 1:1 на стадионот „Гудисон“ во Ливерпул.

Немаше голови во првото полувреме, но затоа во второто видовме по еден гол и по еден црвен картон на двете страни.

Најпрвин во 58 минута домаќините останаа еден играч на теренот откако поради неспортски потег исклучен беше Дукуре.

Потоа, во 68 минута гостите ја искористија предноста на теренот и од пенал во 68 минута стекнаа водство од 0:1 кога прецизен беше Кејн.

Во 88 минута и Тотенхем остана без еден играч откако поради груб прекршок Лукас Моура предвреме мораше да оди во соблекувалните. Само 120 секунди подоцна Евертон стигна до бод благодарение на прекрасниот погодок на Кин.

На табелата Тотенхем е на четвртото место со 50 бодови, колку Њукасл и Манчестер јунајтед на третата, односно петтата позиција, со напомена дека овие две екипи имаат два натпревари помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот