ВИДЕО | Познато што му кажал Белингам на судијата Манзано по скандалот против Валенсија

Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Бурни реакции во фудбалската јавност предизвика вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид кој заврши без победник 2:2.

Контроверзниот момент на оваа средба се случи во самата завршница кога судијата Хесус Хил Манзано досуди крај на натпреварот една секунда пред топката да дојде до Џуд Белингам кој со глава ја затресе мрежата.

Очекувано, тоа што голот не важеше предизвика голем бес кај фудбалерите на Реал Мадрид. Скоро сите играчи на Реал Мадрид кои беа на теренот му се нафрлија на судијата, а Белигам во таа ситуација заработи и црвен картон.

Денес шпанските медиуми пренесуваат што како забелешка запишал Манзано во записникот по натпреварот.

„По завршувањето на натпреварот додека се уште бевме на теренот, фудбалерот со број „5“, Џуд Белингам тргна кон мене со викање и агресивен став. Неколку пати ми повтори „Тоа е еб*н гол““, напишал Манзано во записникот.

Шпанците најавуваат дека Белингам за ваквата реакција го чекаат три натпревари суспензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот