ВИДЕО | Позната тиктокерка плачеше дека мора да работи од 9 до 17 часот, а сега откри дека добила отказ

Фото: Инстаграм/ТикТок/Бриел Асеро

Тиктокерката Бриел Асеро (21) стана позната откако во октомври минатата година сними видео во кое плаче, бидејќи смета дека е тешко да се работи од 9 до 17 часот. Таа тогаш привлече многу коментари на видеото во кое се пожали дека по започнувањето на својата прва работа нема време за ништо друго во текот на денот.

Сега, Бриел повторно се обрати до нејзините следбеници на ТикТок, со видео во кое сподели дека добила отказ.

„Нема да седам овде и да плачам, но добив отказ од мојата прва работа што ја барав пет месеци и за која се преселив во Њујорк. Во суштина, не сум јас виновна, пред да започнам…“, вели Бриел.

Потоа, таа опширно објасни што се случило.

„Работев во стартап компанија и немаа можност да ме обучат и да ми дозволат да направам нешто. Не го работев тоа за што бев вработена, а сакав да учам и сакав работа со поголема одговорност“, рече таа.

Додаде дека не можела ништо да заштеди, бидејќи нејзината плата ја трошела за сметки и други секојдневни трошоци. Бриел, исто така вели дека не може лесно да се најде работа затоа што бил период на празници во кој се прекинуваат процесите за вработувања.

„Платите што сега ги имаат луѓето со високо образование не се доволни. Работев многу, а сè уште немам фонд за итни случаи бидејќи не заработив доволно за да создадам“, се пожали таа.

Тиктокерката се присети дека се покажала како „работохолик“ на ова работно место и има препораки од нејзиниот поранешен работодавец, но не се радува на процесот на вработување.

Таа ги замоли гледачите на видеото да ја известат доколку знаат за некои отворени работни места во дигиталниот маркетинг, но предложи дека би работела и како бејбиситерка или келнерка додека не дојде нешто подобро. Не е јасно дали тиктокерката сè уште не нашла нова работа, но корисниците на социјалните мрежи под видеото сè уште пишуваат коментари со поддршка.

„Имам три дипломи и искуство, пет месеци по дипломирањето не можам да најдам работа. Не си сама“; „Многу ми е жал… Сè ќе биде добро. Почнi да снима[ што прави[ откако ќе добие[ отказ“; „Ова е реалноста на денешното вработување, тоа е лудост“; „Многу ми е жал. Оваа понуда на работа и економијата се налудничави“, се дел од коментарите.

 

@brielleybelly123can someone tell me im going to be okay !!!! feels like the world is ending i need a job immediatley i am feeling so lost rn like i moved for this…!?♬ original sound – BRIELLE

ВИДЕО | Студентка во солзи откако ја добила првата работа: Работам од 9 до 17, неподносливо е, немам време за ништо!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот