ВИДЕО: Португалија има само еден пораз на стадионот „Драгао“ во Порто

Грција успеа единствено досега да триумфира на стадионот „Драгао“/Фото: NUNO VEIGA dpa/EPA/NUNO VEIGA

Македонската А репрезентација денеска од 20.45 часот ќе го игра финалето од баражот против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Нашите најдобри фудбалери на стадионот „Драгао“ во Порто ќе се обидат да направат уште едно големо изненадување и за првпат во својата историја обезбедат учество на Мундијал.

Португалците се фаворити, ќе играат пред 50.000 навивачи, но и воедно ја почитуваат Македонија која според нив со причина е во финалето.

Португалија на стадионот „Драгао“ од вкупно 12 натпревари има учинок од осум победи, три нерешени и еден пораз. Загубија единствено на 12 јуни 2004 година на Европското првенство од селекцијата на Грција со 1:2.

Резултати на португалската репрезентација на стадионот „Драгао“ во Порто:

12 јуни 2004 Португалија – Грција 1:2
12 октомври 2005 Португалија – Летонија 3:0
21 ноември 2007 Португалија – Финска 0:0
28 март 2009 Португалија – Шведска 0:0
8 октомври 2010 Португалија – Данска 3:1
7 окктомври 2011 Португалија – Исланд 5:3

16 октомври 2012 Португалија – Северна Ирска 1:1
29 мај 2016 Португалија – Норвешка 3:0
5 јуни 2019 Португалија – Швајцарија 3:1
9 јуни 2019 Португалија – Холандија 1:0
5 септември 2020 Португалија – Хрватска 4:1
24 март 2022 Португалија – Турција 3:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот