ВИДЕО: Полицијата ќе интервенира на секоја пријава или допрен глас, вели Спасовски

„Имавме седница на главниот кризен штаб и сѐ уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува“, изјави во „Утрински брифинг“  на „Слободна ТВ“, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Говорејќи за зачестените полициски контролни екипи на градските улици, Спасовски истакна дека МВР продолжува со активностите во делот на сообраќајните прекршоци.

– Контроли се прават на територијата на целата држава. Се таргетираат одредени општини врз основа на претходно изработен план, а се со цел да се намали хаосот што е присутен во сообраќајот. Контролите ќе продолжат и понатаму. Над 14.000 прекршоци се констатирани во овој период. Активностите и во делот на носење на заштитна опрема продолжува. Во просек имаме 1.000 казнети дневно заради неносење на маски, односно лична заштитна опрема вели Спасовски.

Околу коментарите дека на овој начин се полни буџетот, Спасовски дециден дека буџетот е во добра кондиција и преку казнувањето се решава еден сериозен проблем како што се сообраќајните незгоди.

– Ефектите се видливи. Статистички имаме 7.5% помалку прекршоци. Сите ние мора да разбереме дека заедно може да го спречиме ширењето на КОВИД-19. Тоа не е работа само на институциите. Првата и основна работа е дека секој граѓанин мора се стави во функција на заштита на јавното здравје. Нормално дека мора да се донесат и некои одлуки кои мора да ги спроведеме и да имаме сериозна контрола. Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не – истакна Спасовски.

Проследете го целиот разговор: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот