ВИДЕО | Почина Предраг Пеѓа Вранешевиќ, основачот на групата „Лабораторија звука“

Фото: Инстаграм

Великанот на новосадската музичка сцена Предраг Пеѓа Вранешевиќ почина во неделата на 76-годишна возраст во Нови Сад, потврдило семејството музичарот за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pedja vranesevic (@pedjavranesevic27)

Предраг Пеѓа Вранешевиќ, познат по групата „Лабораторија звука“, која ја основа со неговиот брат Младен, починал по долго и тешко боледување.

Тој е запаметен како еден од најкреативните личности на модерната новосадска културна сцена, која се формираше во текот на шеесеттите и седумдесеттите години, инспирирана од подеднакво популарна музика од неговото време и авангардна уметност. Неговиот обемен опус вклучува иновативна рок, филмска и театарска музика, како и сценски дела.

Вранешевиќ е роден во Нови Сад на 27 мај 1946 година.

Во јавноста првпат се појави во 1960-тите како член на раниот белградски рокенрол бенд „The Best Nothing“, но на пошироката јавност ѝ беше познат, пред сѐ, како еден од основачите на популарниот бенд „Лабораторија звука“, заедно со неговите брат Младен (издадоа три албуми во 1978-1986 година, со повратничкиот во 1996.

Неговата богата кариера исто така опфаќа и концептуална уметност, поврзана со новосадската Трибина на младите, каде што заедно со Мирослав Мандиќ во раните 70-ти години беше уредник на филмската програма. Оттука дошла и инспирацијата за концептуалниот пристап во работата на „Лабораторија звука“, која претставуваше духовито и неконвенционално освежување во југословенската поп музика.

Ќе остане запаметен како еден од најкреативните личности на модерната новосадска културна сцена, која се формираше во текот на шеесеттите и седумдесеттите години, инспирирана од подеднакво популарната музика од своето време и авангардната уметност. Неговиот обемен опус вклучува иновативна рок, филмска и театарска музика, како и сценски дела.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот