ВИДЕО | Пијан маж вози со 4,42 промили алкохол во крвта

Фото Јутуб

Хрватските медиуми објавија снимка од пијан возач на патот Рашиња – Кузминец како полека губи контрола над своето возило. На социјалните мрежи Хрватите се исмеаја на возачот за кој медиумите напишаа дека е 44-годишен маж кој возел со 4,42 промили алкохол во крвта.

На видеото што го објави „Кликај.хр“ се гледа дека тој целосно пијан вози во свиок и на крајот завршува надвор од коловозот.

Возачот се здобил со полесни повреди и е сместен во посебна полициска просторија до отрезнување и против него ќе биде поведена прекршочна постапка“, известија од ПУ на Копривница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот