ВИДЕО | Пановски: Терапијата што се дава во ковид – центрите во Скопје, треба да се дава и во центрите во внатрешноста

Универзитетски професор по микробилогија проф. д-р Пановски на покана од министерот за здравство, Венко Филипче ги посети ковид центрите на Интерните клиники, по што изготви стручно мислење во кое пишува дека протоколите за терапија и лекување на ковид пациенти се почитуваат, во ковид одделенијата има стручен лекарски тим и центрите се солидно организирани.

Професорот во дописот позитивно го оценува менаџирањето и стручноста на проф. д-р Дејан Докиќ кој е назначен за координатор на ковид центрите на Интерни клиники.

-Јас го испратив извештајот и дадов свое мислење. Јас сум стручен исклучиво за антибиотици само таа терапија ја гледав врз основа на клиничката слика, ренген, комјутерска томографија и лабораториски наоди. Но прошетавме по клиниките и многу позитивно се изненадив како сите добро функцинориаат и работат координирано под водство на пулмолог, рече д-р Пановски.

Тој посочува посочува дека освен во ковид-центрите на Интерните клиники, треба да се провери како се организирани ковид-центрите во внатрешноста. Во однос на терапијата и антибиотиците кои се даваат како лекување, професорот потенцира дека она што се дава во ковид – центрите во Скопје, треба да се дава и во центрите во внатрешноста и додава дека можно е помалку искусните лекари од страв да даваат лекови во поголеми дози и мислејќи дека му помагаат на пациентот, го прават обратниот – му штетат.

Целиот разговор со проф. д-р Пановски погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот