ВИДЕО | Омикрон има, маски на лице нема

Тетово/ Фото Слободен печат/ Елисавета Бејкова

Додека рапидно се зголемува бројот на заразени од омикрон и ковид-19 (вчера бројките достигнаа рекордни 2.269 заразени) новинарската екипа на „Слободен печат“ вчера во Тетово остана збунета од отсуството на страв и можна зараза на голем број тетовци кои во еден трговски центар во градот пазареа и шетаа по продавниците без маски на лицето, а тие што носеа маски им беа спуштени под уста.

На влезот во трговскиот немаше ни редар кој според правилата од надлежните треба да ги советува граѓаните да носат маски и да им бара хартиен или електронски сертификат за вакцинираност.

Проблемот да биде поголем и трговците во дуќаните не носеа маски. Кафетериите беа преполни. На маса седеа по 5-6 лица, а никој од вработените во кафетериите не носеа маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот