ВИДЕО | Окереке постигна еврогол, Интер го победи Кремонезе

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Фудбалерите на Интер го совладаа Кремонезе на гостувањето во рамките од 20. коло во Серија А (1:2).

Кремонезе и Интер одиграа интересен натпревар со многу шанси, а голот кој го постигна Кремонезе беше вистински еврогол. Треба да се спомене дека Интер упати дури 30 удари кон противничкиот гол.

Окереке го отвори натпреварот со прекрасен гол до 30-тина метри. Одличниот удар на Нигериецот го остави Онана без шанси да интервенира.

Интер констатно се закануваше, домаќините имаа среќа во одредени ситуации. Резултатот го изедначи Лаутаро во 21. минута. Аргентинецот во 65. минута го постигна и вториот гол за целосен пресврт.

Можеше да слави Интер и со поубедлива разлика сепак за Симоне Инзаги најважно е што освоија три бода. Интер во овој момент е второпласиран со 40 бодови, десет помалку од лидерот Наполи кој има натпревар помалку. Кремонезе од друга страна сезонава се уште нема победа и се наоѓа на последното место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот