ВИДЕО | Обожавателите на „Сам дома“ споредија колку би го чинело Кевин да пазари во 2023 година: Ќе му ја наплатат и кесата!

Фото: Принтскрин Јутјуб

Популарниот филм „Сам дома“ секогаш е актуелен во овој период од годината, со оглед дека се наближуваат Нова година и Божиќ. И додека сите уживаме да ја гледаме раскошната куќа и авантурите на малиот Кевин, кој го глуми Меколи Калкин, многумина се прашуваат колку би чинел таквиот живот денес.

Еден корисник на ТикТок, Џефри Лајонс, во своите вирални видеа пресметал дека, ако Кевин пазари во 2023 година во САД, ќе му требаат повеќе од 20 долари.

Во познатата сцена кога 8-годишниот Кевин Мекалистер оди на пазарење затоа што неговото семејство случајно го оставиле сам, момчето на касиерката ѝ дава банкнота од 20 долари за сметка од 19,83 долари со купон за еден долар попуст.

Со таа сума, според сцената, Кевин купил замрзната вечера, леб, замрзната паста со кашкавал, фолија, две литри млеко, детергент за перење, тоалетна хартија, омекнувач, две литри сок од портокал и пакетче пластични војници.

@sellitlikelyons Groceries in 1990 vs Today Breakdown ☠️ #fyp #homealone #rockwalltx #geoffreylyons #lyonsden #northtexas #dallastx #dallasrealestate #dfw #dfwrealtor ♬ original sound – Geoffrey Lyons

Сега, во своето видео, тиктокерот објасни колку пари би му требале за да го испазари истиот список на намирници денес.

„Платив 4,50 долари за сок од портокал и фолија, не можев да ја најдам истата замрзната вечера, па добив една за 5 долари, 13 долари за детергент за перење, 3,50 долари за замрзната паста со кашкавал и 4,60 долари за млеко. Омекнувачот е 8,79 долари, тоалетна хартија е 8 долари, а пластичните војниците се 9 долари“, објасни Лајонс.

Денес, тоа малиот Кевин би го чинело 63,73 долари плус данок, со што вкупниот износ ќе достигне 68 долари, со купон од 1 долар.

Видеото за брзо време стана вирално, има четири милиони прегледи и безброј реакции.

„Банкнотата од 100 долари е новата банкнота од 20 долари“; „Се обложувам дека продавачката ќе биде исто платена во 2023 година“; „За референца, 19,83 долари во 1990 година би биле еднакви на околу 46,68 долари денес. Значи, не е само инфлацијата. Работите сега се премногу скапи“, се дел од коментарите.

Некои од корисниците на социјалните мрежи истакнаа дека Кевин ќе треба да ја плати и кесата, па на сумата треба дополнително да се додаде еден долар.

ВИДЕО | Беше на работ на смртта, а потоа ја запозна неа: Меколи Калкин јавно ѝ се заблагодари на својата партнерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот