ВИДЕО: Нова година, стари навики – Јокиќ со историски трипл-дабл против најдобриот НБА тим

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во големото НБА дерби, водечките екипи на Западот и Истокот, Денвер повеќе од убедливо го совлада Бостон со 123:111. Во центарот на вниманието повторно беше кошаркарот на Нагетси, Никола Јокиќ.

Феноменалниот српски центар имаше учинок против Селтик од 30 поени, со по 12 скока и асистенции. Ова е деветти трипл-дабл за Јокиќ во сезоната, 91 во кариерата.

Србинот уште еднаш влезе во историјата на НБА, тој е првиот играч кој одигра три натпревари во историјата на најсилната лига во светот со трипл-дабл од најмалку 30 поени, со повеќе од 90,5 отсто „вистински шут“. Тоа е статистика која ги вклучува сите проценти, кога станува збор за шут за два, три поени и слободни фрлања.

Помина само 32 минути во натпреварот против актуелниот најдобар тим во НБА. Тоа беше сосема доволно бидејќи и останатите играчи на Денвер одиграа брилијантно. Брус Браун додаде 21 поен за победничкиот тим, Мајкл Портер додаде 19, Арон Гордон 18, а Бони Хиланд 17 поени.

Во редовите на Селтикси најдобар беше Џејлен Браун со 30 поени, додека Џејсон Тејтум мечот го заврши со 25 поени.

НБА лига, резултати

Денвер – Бостон 123:111

Мемфис – Сакраменто 118:108

Милвоки – Вашингтон 95:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот