ВИДЕО: Нов руски напад во регионот на Лавов – погодена воена инфраструктура

Експлозија во Лавов/ Фото: Кристина Атовска

Гувернерот на украинскиот регион Лавов, Максим Козицки на Телеграм објави дека во утринскиот напад на руските сили погодена е воена инфраструктура.

Тој наведе дека сè уште нема информации за евентуални жртви во нападот.

Се утврдува степенот на уништувањето, посочи Козицки.

Во следното соопштение на Телеграма, Козицки рече дека „четири непријателски проектили погодиле воен објект“. „Објектот е целосно уништен. Според првичните информации, нема загинати. Никој не побарал медицинска помош“, додаде тој.

Регионалната воздушна команда „Запад“ на украинските воздухопловни сили на социјалните мрежи објави дека од Црното Море се истрелани неколку проектили кон регионот Лавов. Две ракети се уништени пред да погодат цели, додаваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот