ВИДЕО: Невидени овации за Кари, ново шоу пред навивачите на Голден Стејт

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Изминатата ноќ играчите на Голден Стејт успеаја во еден возбудлив натпревар да триумфираат над Сакраменто со резултат 113:102 во НБА лигата.

Секако, за неколку минути застана целиот меч поради тоа што во главна улога имаше најдобриот стрелец Стеф Кари. Пред сè што ова беше првпат да заигра пред своите фанови откако го собори рекордот на Реј Ален по број на остварени тројки на вечната листа во НБА лигата.

Кога истрча на теренот, имаше овации за фантастичниот кошаркар, а на сето тоа возврати со феноменална партија од 30 поени (13/27 од игра), со четири асистенции и три скока.

Исто така, Дрејмонд Грин имаше брилијантен настап со „трипл-дабл“, 31-ви во кариерата (16 поени, 11 скока и 10 асистенции).

Најефикасен во тимот на Кингси беше Тајрис Халибартон со 24 поени, следен од Харисон Барнс со 19, а еден помалку постигна Бади Хилд.

НБА лига, резултати –

Бостон селтикс – Филаделфија сиксерс 103:108
Торонто репторс – Орландо меџик (одложено)
Чикаго булс – Хјустон рокетс 133:118
Мемфис гризлис – Оклахома Сити тандер 99:102
Јута џез – Шарлот хорнетс 112:102
Голден Стејт вориорс – Сакраменто кингс 113:98
Лос Анџелес клиперс – Сан Антонио спарс 92:116

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот