ВИДЕО: Несторовски од клупата го гледаше дебаклот на Удинезе

Удинезе претрпе висок пораз во Серија А/Верона, Италија/13 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/EMANUELE PENNACCHIO

Денеска во рамките од 25 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе загуби убедливо со 4:0 против Верона.

Кај гостите македонскиот напаѓач Илија Несторовски беше на клупата за резервни играчи, но не доби минутажа.

За домаќините по еднаш во листата на стрелците се запишаа Депаоли, Барак и Капрари и Тамезе.

Тимот од Удине е на 14 позиција на табелата во Серија А со 27 бодови, додека Верона е на деветтото место со 36.

Другите две средби завршија со ист резултат 1:1, односно Џенова дома ремизираше со Салернитана, а Емполи со Каљари.

ВИДЕО: Милан сега е на првото место во италијанската Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот