ВИДЕО | Недановски: Имаме доста проблеми во одбрана, тоа го искористи Нексе!

Фото: SEHA LEAGUE

Вардар 1961 денеска беше совладан од Нексе во СЕХА Газпром лигата, а како што известуваат од таборот на „црвено-црните“ една од најслабите точки на натпреварот во Нашице беше одбраната.

На прес конференцијата после мечот не се појави првиот тренер на Вардар 1961, Стевче Алушовски, туку неговиот помошник тренер, Владо Недановски.

– Натпреварите против Нексе секогаш се тешки, имавме лош почеток, се вративме брзо во игра, но тоа не беше доволно. Имаме доста проблеми во одбрана, тоа добро го искористи Нексе. И на крајот заслужено домаќините победија – беа зборовите на Недановски.

Десниот бек Томислав Јагуриновски на денешниот меч еднаш се запиша во листата на стрелците.

– Многу лошо го стартувавме натпреварот, потоа почнавме добро да играме, се вративме, но бевме доста лоши во одбраната, исто и многу зицери не реализиравме. Му честитам на Нексе на победата и му посакувам сè најдобро во наредниот период – рече Јагуриновски.

Следниот дуел во регионалното натпреварување македонската екипа ќе го има в петок на домашен терен против украинскиот клуб Мотор Запорожје.

СЕХА: Цар „царуваше“ за Нексе, Вардар совладан и во Нашице!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот