ВИДЕО: Наполи е во криза, Пелегрини и Лукаку го урнаа шампионот на „Олимпико“

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Актуелниот шампион во Серија А, Наполи го претрпе третиот пораз во последните четири натпревари откако денеска на стадионот „Олимпико“ загуби од Рома со 2:0.

Мируваа мрежите по првото полувреме, а во 66 минута гостите останаа со играч помалку поради црвениот картон на Политано. Тоа го искористи домаќините за водство во 76 минута преку Пелегрини.

Уште еден играч на Наполи предвреме замина кон соблекувалните поради двата жолти картони на Осимен, кој пред одигрувањето на овој меч потпиша нов договор со клубот од Неапол.

Рома ја потврда својата победа во самиот финиш од средбата кога мрежата на Мерет ја затресе Лукаку (90+6`).

За римската „волчица“ тоа е осми триумф сезонава во италијанскиот шампионат и е на шестото место со 28 бодови. „Наполитанците“ се на седмата позиција со 27 бодови.

Во следното коло Рома на 30 декември ќе гостува кај Јувентус, додека Наполи е домаќин на Монца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот