Официјално: Осимен верен на Наполи до јуни 2026 година

Виктор Осимен („Наполи“)/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Како што и се најавуваше, тоа доби и потврда, Виктор Осимен официјално потпиша нов договор со актуелниот италијански шампион.

Нигерискиот фудбалер ќе остане во Наполи до јуни 2026 година, а што е уште поважно во новиот договор има откупна клаузула од 130 милиони евра.

Инаку, Осимен доби значително покачување на платата и можност на лето да договори трансфер со нов клуб, со оној кој е подготвен да плати 130 милиони евра за услугите на напаѓачот.

Нигериецот до сега за Наполи одигра 118 натпревари со 67 голови и 17 асистенции.

Тој во клубот од Неапол пристигна во летото 2020 година од Лил за 75 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот