ВИДЕО | Најголема победа од 2017 година: Енди Мареј по битка од пет часа славеше против Беретини

Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј го приреди најголемото изненадување на последните мечеви на Австралија Опен.

Мареј со соочуваше со разни проблеми и повреди, но сепак се врати на тенисот. Дека максимално се бори потврда е победата во мечот против Матео Беретини и тоа по скоро пет часа игра на „Род Лејвер Арената“.

Беретини лани играше во полуфиналето на овој турнир и беше голем фаворит против Мареј сепак шкотскиот тенисер славеше победа со 6:3, 6:3, 4:6, 6:7 (7), 7:6 (6). За Мареј ова е негова најголема победа на еден грен слем турнир од 2017 година.

Од 2017 година Мареј немаше победа против тенисер од топ 20 на АТП листата, но сега тоа се промени. Треба да се спомене и дека за него ова беше 50-та победа на Австралија Опен. Победата дополнително добива на значење ако се знае дека спаси меч топка во 10-тиот гем од одлучувачкиот сет.

Во следното коло противник на Мареј ќе игра против подобриот од дуелот Кокинакис-Фоњини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот