ВИДЕО: На Харден не му требаат Дурент и Ирвинг, сам ги реши Клиперси

Џејмс Харден/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Најдобриот тим во Источната конференција, Бруклин нетс, за три дена ги победи двата тима од Лос Анџелес, иако надвор од тимот се позитивните на ковид-19, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг кој доби дозвола да му се приклучи на тимот.

Бруклин со 124:108 го совлада ЛА Клиперс благодарение на Џејмс Харден кој повторно блескаше во „Крипто.ком“ арената. Популарната „брада“ натпреварот го заврши со 39 поени, 15 асистенции и осум скокови, додека Пети Милс и Ник Клекстон дадоа по 18 поени. Кај Клиперс кој игра без двајцата најдобри кошаркари, Каваи Ленард и Пол Џорџ, најдобар беше Маркус Морис со 24 постигнати поени.

Јута џез иако играше без првата ѕвезда, Донован Мичел, со 110:104 го совлада Сан Антонио. Во отсуство на повредениот Мичел, улогата на прв стрелец ја презеде Џордан Кларсксон кој даде 23 поени и ги постигна одлучувачките поени во финишот со кои Јута ја обезбеди победата.

Чикаго со 130:118 ја совлада Атланта. Биковите само во третата четвртина постигнаа помалку од 30 поени, но предноста од 16 поени беше доволна за да се обезбеди победата. Демар Дерозан постигна 35, Зек Лавин даде 30 поени, а Никола Вучевиќ оствари дабл-дабл од 24 поени и 17 скокови.
Кај Атланта, Кем Редиш постигна 33, а Тре Јанг постигна 29 поени.


Далас иако се уште не може да смета на својот најдобар играч, Лука Дончиќ, Далас маверикс со 132: 117 го победи Портланд и му го нанесе 11 пораз во последните 13 натпревари.
Во отсуство на Дончиќ, улогата на прв реализатор ја презеде Кристапс Порзингис кој даде 34 поени, додека кај Портланд се истакна Демиен Лилард со 26 поени.


Резултати:
Шарлот – Хјустон 123:99
Атланта – Чикаго 118:130
Минесота – Бостон 108:103
Сан Антонио – Јута 104:110
Феникс – Мемфис 113:114
Портланд – Далас 117:132
ЛА Клиперс – Бруклин 108:124

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот