ВИДЕО | Морничава инцестуидна врска: Татко ѝ од мала ја силувал, дури и на денот на нејзината венчавка

Мекензи и Џон Филипс/Фото: Профимедиа/Flickr

Славната актерка Мекензи Филипс смета дека вистината ослободува, па ги откри своите најмрачни семејни тајни. Имено, нејзиниот татко долги години сексуално ја злоставувал, па дури и ја силувал на денот на нејзината свадба. Тие, всушност, биле во инцестуидна врска… Таа одлучила дека повеќе не сака да молчи, а исто така открила дека е со бисексуална ориентација.

Фото: Flickr

Со текот на годините, познатата водителка Опра Винфри во своето шоу носеше гости кои ги открија своите најдлабоки и најшокантни тајни кои ја оставија јавноста без зборови. Сепак, една од приказните особено остана забележлива, а станува збор за поранешната детска ѕвезда Мекензи Филипс, која во страшна исповед откри работи поради кои луѓето се згрозени.

Имено, кога познатата водителка го прослави својот 68 роденден, по тој повод странските медиуми се потсетија на некои од најнезаборавните моменти од нејзината кариера, а токму признанието на скандалозната ѕвезда се најде на самиот врв на листата.

Мекензи Филипс се нашка во холивудските кругови поради нејзиниот татко Џон Филипс, познатиот бунтовник од тогаш познатиот бенд „Мамас енд папас“ (The ​​Mamas & the Papas), а потоа се појави во „Американските графити“ и детската хит серија „One Day at a Time“.

Мекензи и Џон Филипс/ Фото: Профимедиа

И додека славниот Џон на многумина им се чинел како добродушен рокер, вистината била сосема спротивна. Имено, Мекензи во својата исповед признала дека имала инцест со својот татко. Таа тврдела дека сето тоа настанало поради проблеми со дрогата што ги имале и таа и нејзиниот татко.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mack Phillips (@mackphillips)

„Вечерта пред мојата свадба, татко ми дојде решен да го спречи тоа. Проголтав еден куп апчиња, а и тато зеде еден тон од сѐ и сешто. На крајот се онесвестив на креветот на татко ми“, рекла Мекензи.

„Татко ми беше човек кој не познаваше граници. Беше полн со љубов, но болен од дрога. Таа ноќ се разбудив од несвест и открив дека имам сексуален однос со сопствениот татко. Дали ова се случило и порано? Не знам. Знам само дека тогаш за првпат бев свесна. За момент бев во своето тело, во таа ужасна вистина, а потоа повторно се онесвестив“, рекла таа и го шокирала светот.

Фото: Wikimedia Commons

Нејзиниот татко починал осум години пред таа да одлучи јавно да ја сподели скандалозната информација, а денес жали што тоа го направила на таков начин.

„Штом излезе нашата тајна на виделина, сѐ излезе од контрола. Но, единственото нешто што навистина би го променила е начинот на кој моето семејство дозна за сè. Требаше подобро да ги подготвам дека ќе го објавам сето ова“, рекла Мекензи во една прилика.

Мекензи во својата автобиографија го опишала и своето турбулентно детство, а признала дека татко ѝ ѝ дал кокаин кога имала само 11 години. Како што изјавила и самата, тие биле во сексуална врска 1о години, од нејзина 19 година. А ја прекинале откако останала бремена. Не била сигурна кој е таткото на детето, а токму татко ѝ го платил нејзиниот абортус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mack Phillips (@mackphillips)


Таа во едно интервју откри дека е бисексуалка, а кога Јонтеф ја крунисал со „геј икона“, актерката рекла:

„Го сакам тоа и исто така сакам што во текот на животот сум живеела од двете страни на завесата. Сум имала дечковци, имав девојки во текот на целиот мој живот. Јас не сум ниту едното ниту другото. Ја сакам нашата геј заедница“, рекла тогаш актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот