ВИДЕО | Мицкоски: Ќе презентираме како до плата од 750 евра и како ќе го формализираме тргувањето со криптовалути

Фото: Screenshot/YouTube

Денеска продолжуваме практично со она коешто го започнавме во скопската општина Гази Баба, каде што ја имавме првата промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“. Денеска продолжуваме во општина Карпош, после темата енергетика, после визијата на ВМРО-ДПМНЕ содржана во концептот „Македонија за сите луѓе во енергетиката, заштитата на животната средина“, денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден мандат од 750 евра, односно 45 000 денари и како до легализирање, односно до формализирање на тргувањето со криптовалутите и со имплементирање „Blocкchain“ технологијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе” во општина Карпош.

– Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја којашто ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности коишто ги нуди трговијата со криптовалутите, а верувајте таа не е мала. Ќе зборувам денеска малку повеќе и за тоа. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот. А, исто така, денеска ќе зборуваме и за „Blockchain“ технологијата за којашто сѐ помалку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа.

Така што, ценам ќе биде навистина интересно тоа што денеска ќе го зборуваме и ценам дека имаме што да понудиме на скопјани, на карпошани, но и на Македонија, посебно на овие две теми. Тука се разбира ќе зборува и професорката Гордана Силјановска-Давкова за владеењето на правото, ќе зборува Гордана Димитриеска-Кочоска и професор Лазаров за актуелната состојба во економија. Така што, ценам дека тоа што денеска ќе го презентираме ќе заинтрегира и ќе биде новитет на македонската политичка сцена или како што тоа сакав денеска да го презентирам пред еден мој соработник да не чекаме иднината да дојде, туку да одиме кон иднината, истакна Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот