ВИДЕО: Меси конечно освои трофеј со Аргентина, „гаучосите“ триумфираа на Копа Америка

EPA-EFE/Antonio Lacerda

Аргентина е нов шампион на Јужна Америка, откако во најголемото репрезентативно дерби во светот, го совлдаа Бразил со 1:0 во финалето на Копа Америка. Голот вреден шампионска титула го постигна Анхел ди Марија во 21. минута.

Победата воедно значеше и конечно освојување на трофеј со репрезентацијата на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси. Во кариерата Меси оги освои сите можни клупски трофеи како и индивидуачните признанија настапувајќи за Барселона, а сега конечно може да се пофали со трофеј освоен со репрезентацијата.

Натпреварот беше одлучен во 21. минута кога е постигнат единствениот гол на натпреварот. До тој момент ништо посебно не се случуваше на теренот на славната „Маракана“. Родриго де Паул упати една топка кон Ди Марија, а на неа очајно реагираше дефанзивецот на Бразил, Лоди на кого топката му помина низ нозете. На неа натрча Ди Марија и мајсторски го лобуваше Едерсон.


До крајот на првото полувреме немаше големи возбудувања, освен еден обид на Нејмар од слободен удар.
Во второто полувреме, Аргентинците се повлекоа во својата половина и шансата ја бараа преку контранападите, додека Бразил предводен од Нејмар со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување. Во 52. минута му беше поништен гол на Ришарлисон поради офсајд, а две минути подоцна истиот фудбалер пропушти одлична шанса да израмни. Последната шанса на натпреварот ја имаше резервисот Барбоса во 83 минута но голманот на Аргентина, Мартинез го одбрани неговиот удар.


Лионел Меси очекувано беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот, на седум натпревари постигна четири гола и имаше пет асистенции.
Ова беше вкупно 15. триумф на Аргентина на Копа Америка со што се израмни со Уругвај на првото место на вечната листа, а воедно е прв трофеј на „гаучосите“ по пауза од 28 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот