ВИДЕО: Мекиќ во последните секунди му донесе триумф на МЗТ во Бања Лука

мзт
МЗТ против Подгорица оствари важен триумф во АБА2 лигата/Фото: ABA League j.t.d./Dragan Stjepanovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до седмата победа во деветиот меч сезонава во АБА2лигата, откако вечерва на турнирот во Бања Лука ја совладаа Подгорица од Црна Гора (76:75) со драматичен меч со инфаркт-завршница во која јунак беше Адем Мекиќ.

Македонскиот репрезентативец Мекиќ го постигна победничкиот кош на една секунда до крајот, по две промашени слободни фрлања на противникот, кои како да беа враќање на долгот по несреќниот пораз во добиен меч пред два дена против Сутјеска. Вечерва повторно „металците“ наидоа на цврст противник, кој се бореше машки и кој го диктираше темпото, особено во второто полувреме, но во ниту еден момент нашиот претставник не се предаде и тоа му донесе успех.

Имаше грешки, но позначајно е што составот на тренерот Дарко Радуловиќ до крајот веруваше во себе и се бореше со ривалот, што на крајот беше наградено со важна победа.

Немања Милошевиќ со 15 поени и 10 скока и Војдан Стојановски со 14 поени беа најпрецизни кај македонскиот шампион, додека двоцифрен ефект остварија уште и јунакот Мекиќ и Роберт Рикиќ со по 10 поени.

Со овој триумф, МЗТ останува осамен на втората позиција на табелата со скор 7-2, во пресрет на последниот меч на турнирот во Бања Лука, кој ќе го одигра в сабота против српската Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот