ВИДЕО | Манчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на навивачите, пораз и од Нотингем

Фото: Nottingham Forest

Maнчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на своите навивачи и загуби со 2:1 против Норингем Форест со што само се потврди големата криза од која англискиот гигант не може да излезе.

„Црвените ѓаволи“ одиграа уште еден катастрофален натпревар, а овој пораз само дополнително ќе го зголеми притисокот врз Ерик Тен Хаг.

Во првото полувреме бевме сведои на не многу интересен фудбал, Јунајтед се бранеше на својата половина, а домаќините не успеваа да начин посериозно да се заканат.

Вториот дел донесе многу поинтересна игра, а прв гол постигна Нотингем преку Домингез. Јунајтед не изгледаше опасно, но успеа да дојде гол по грешката на голманот Тарнер која во гол ја претвори Маркус Рашфорд.

Само неколку минути подоцна Тарнер одбрани опасен удар на Ериксен по кој Нотигем тргна во контра, а Гибс Вајт погоди за 2:1 и победа на „шумарите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот