ВИДЕО: Макрон ѝ се заблагодари на Меркел за соработката

макрон меркел
Емануел Макрон и Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/PHILIPPE DESMAZES

Социјалдемократот Олаф Шолц од денеска и официјално е новиот канцелар на Германија. Ангела Меркел по 16 години заминува во политичка пензија, а со видео што ѝ го посвети францускиот претседател Емануел Макрон ѝ се заблагодари за сè што направила да се придвижи Европа напред.

„Ти благодарам, драга Ангела, што никогаш не ги заборави лекциите од историјата, што направи толку многу за нас, со нас, за да ја придвижиме Европа напред“, напиша Макрон во објавата на Твитер заедно со видеото.

На видеото се прикажани инсерти од снимање заеднички изјави и од средби на кои двајцата се смеат, прегрнуваат и разговараат. Во него се вклучени и делови од говорот на Макрон до Меркел за време на нејзината проштална посета на Бон пред нешто повеќе од еден месец. Во деловите од говорот кои се дел од видео-збогувањето, францускиот претседател ѝ кажува на поранешната канцеларка дека многу работи го научила и го прифатила како млад, темпераментен претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот