ВИДЕО: Мајли Сајрус со емотивен настап на „Super Bowl“

Instagram

Американската пејачка Мајли Сајрус синоќа настапи на „Super Bowl“. Нејзиниот настап беше особено емотивен за време на изведбата на песната „Wrecking Ball“.

Имено, пејачката настапи пред клучната фудбалска утакмица пред публиката која за разлика од минатите години беше во значително помал број.

Instagram
Instagram

Сајурс отпеа неколку од нејзините најголеми хитови, меѓутоа најемотивниот момент од вечерта беше кога таа го отпеа својот хит од 2013 година „Wrecking Ball“. Многумина веруваат дека оваа песна е посветена на нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт.

Потоа Били Ајдол се качи на сцената и заедно со Мајли ја отпеа песната „Night Crawling“ и дуетото „White Wedding“, што ги воодушеви присутните и публиката покрај малите екрани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот