ВИДЕО | Мадона доживеа незгода: Се струполи заедно со танчерот среде концерт

Фото: Принтскрин / ТикТок

Кралицата на поп-музиката, Мадона доживеа незгода на последниот концерт во Сиетел, Сад. Имено, додека ја изведуваше кореографијата за песната „Open Your Heart“ таа падна од столот кој  го влечеше еден од танчерите.

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се забележи како танчерот кој го држи столот на кој седи пејчаката губи рамнотежа поради високите потпетици и паѓа на сцената заедно со неа.

Но, поради тоа што го направи Мадони многумина велат дека уште еднаш докажа дека е вистински професионалец.

Пејачката брзо се сврте на стомакот и само се насмевна, додека член од тимот дојде да ѝ помогне да се качи на друг стол.

Таа го продолжи својот настап, но тивко изговори пцовка кога сфати дека погрешно седи на столот и веднаш се сврте. Пејачката  за кратко го заборави текстот, а откако се сети ја заврши песната како ништо да не се случило.

Откако снимката од незгодата излезе во јавноста, нејзините обожаватели има позитивни реакции за тоа како пејачката се снашла на сцената.

„Таа е голем професионалец… Сите нејзини напори да нè забавува…“ ; „Мора да ја сакате, таа е неверојатна“, беа дел од коментарите.

@madonnaculture How not to love her? 😆 Madonna, Open Your Heart/Live To Tell/Take a Bow, The Celebration Tour, Climate Pledge Arena, February 16 & 17, 2024. 🎥 @kroogi6609 (YouTube, OYH) & @supernguyenodyssey (Instagram, TAB) • #madonna #madonnaculturetiktok #celebrationtour #pop ♬ Open Your Heart – Madonna

ВИДЕО | „Ова е многу непријатно“: Мадона повторно ги згрози луѓето со провокативен настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот