ВИДЕО | Лејди Гага позираше топлес и без грам шминка: Kако друга жена

лејди гага
Фото: Принтскрин / Instagram

Познатата пејачка Лејди Гага пред неколку дена на големо воодушевување на нејзините бројни обожаватели покажа како ужива во летото и дека се сонча без костум за капење.

Поп-ѕвездата објави кратко видео во кое позира додека се сонча на сонце, без шминка и пуштена коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Се забележува дека Гага е топлес на видеото, покривајќи ги градите со рака, па на своите следбеници им порача:

„Нека вашите срца светнат како сонце“.

Ти си навистина природна убавица“, „Какви веѓи“, „Ти си како друга жена без шминка“, „Тетоважата изгледа многу подобро кога немаш ништо на себе“, „Преубава и без силикони“, беа само дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Да потсетиме, Лејди Гага неодамна првпат отворено прозборе траумите што ги доживеала како тинејџерка.

ФОТО: Лејди Гага со совршени модни изданија инспирирани од магичниот гламур на стариот Холивуд

Доживеав нешто што не би го посакала на никого… Имав само 19 години кога продуцентот само дојде до мене и ми рече да се соблечам. Му реков „не“ и тогаш тој почна да ми се заканува. Ми рече дека ќе ми ја уништи кариерата“, откри оскаровката.

Лејди Гага: Имав 19 години кога продуцентот ме силуваше, а потоа ме остави бремена на улица!

„Со недели не ми беше добро. Повраќав, а лицето што ме силуваше само ме исфрли на патот и ме испрати кај моите родители. Се самоповредував долго време, сфатив дека тоа што го правам го правев за да им покажам на луѓето дека чувствувам болка наместо да им ја кажам вистината“, рече Лејди Гага низ солзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот