ФОТО: Лејди Гага со совршени модни изданија инспирирани од магичниот гламур на стариот Холивуд

Лејди Гага
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Лејди Гага неодамна во Њујорк се појави во издание кое не можеше да остане незабележано. Во бел фустан и долг бел мантил, инспириран од гламурот на стариот Холивуд, многумина се согласија дека познатата пејачка никогаш не изгледала подобро.

Ѕвездата беше фотографирана на излегување од луксузниот хотел „Плаза“ во Њујорк а нејзиниот целосно бел стајлинг со бескрајно шик слоеви го предизвика вниманието на светската јавност.

Заедно со совршено скроениот капут од брендот „Фенди“, Лејди Гага носеше фустан со потпис на Џиамбатиста Вали украсен со здолниште направено од изопачени рабови од органза и бели точки. Пејачката носеше очила за сонце и чанта од брендот „Марк Крос“.

За да му даде совршено гламурозен допир на својот аутфит, Лејди Гага носеше класични сатенски салонки со ремен околу глуждот од „Џими Чу“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaga Daily (@gagadaily)

Со собрана коса во тесна пунџа и со бисерни обетки, Лејди Гага изгледаше како славните ѕвезди од златното доба на Холивуд.

Ваквата трансформација навистина совршено ѝ одговара на пејачката, а за време на целиот нејзин престој во Њујорк блескаше во одлични стилски стајлинзи кои потсетуваат на магичниот гламур на стариот Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaga Daily (@gagadaily)

Така, таа носеше тесен розов фустан со точки, црн фустан од Џузепе ди Морабито со процеп до половина од бутот и волшебен вечерен фустан од тантела и тул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaga Daily (@gagadaily)

Се чини дека градот кој никогаш не спие ја инспирирал пејачката за некои од најдобрите стајлинзи во кои некогаш сме имале можност да ја видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот