Видео l Голем пожар во Ерусалим

pexels
Пожарникари/ Фото: МИА

Во предградието на Ерусалим Мевасерет Сион денес избил пожар поради кој полицијата евакуирала станари од неколку домови.

Поради ширењето на пожарто евакуирана е и една стара куќа во блискиот град Моца, јавува „Тајмс оф Израел“.

Повеќе пожарникарски екипи се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а во тоа им помагаат и шест канадери.

 

Израелските противпожарни и спасувачки служби сугерираат дека е можно пожарот да е намерно подметнат, пренесе „Харец“.

Пожарникарите велат дека сувото и топло време и слабиот ветар прават брзо ширење на пожарот. Полициата поради пожарот затворила дел од главниот автопат меѓу Ерусалим и Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот