ВИДЕО: Како легендарните југословенски комичари ја толкуваа кризата со горивата во 80-тите

Топ листа надреалиста
Топ листа надреалиста во скечот „Ред за бензин“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Неколку години пред да се појават нашите К-15, Топ листа надреалиста беа едни од најомилените ѕвезди на југословенската комедија. Оваа комична дружина од Сараево со нивните шеги го прикажуваше секојдневието во Југославија на прилично реален начин.

Руската инвазија на Украина нагло го запре опоравувањето на светската економија од пандемијата на коронавирусот и доведе до нова криза со горивата. Токму оваа актуелна ситуација ги инспирираше повозрасните генерации да се присетат на еден култен скеч на Топ листа надреалиста.

Инспирирани од кризата со горивата во осумдесеттите во Југославија, комичарите го снимија скечот „Ред за бензин“ кој е пародија за редиците пред бензинските пумпи.

Дефинитивно, овој скеч би поминал одлично и во 2022 година.

Магла, птиците одат пешки: „Топ листа надреалиста“ пред 30 години ја предвиде иднината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот