Магла, птиците одат пешки: „Топ листа надреалиста“ пред 30 години ја предвиде иднината

-Магла, не можев да поминам, и птиците одат пешки, е една од легендарните реплики од оваа епизода.

Легендарната ТВ емисија „Топ листа надреалиста“ пред 30 години ја превиде иднината и загадениот воздух, јавуваат српските медиуми.

Во последните неколку дена на Балканот, вклучително и Скопје, може да се забележи густа магла и покачено ниво на аерозагадување. Токму поради ова, на социјалните мрежи повторно актуелна е една од епизодите на „Топ листа надреалиста“, под името „Загадување“.

Епизодата е снимена во 1989 година, а станува збор за вести од иднината, односно во 1992 година. Меѓутоа, оваа епизода совршено ги предвидува случувањата од првата половина од 2020 година.

-Магла, не можев да поминам, и птиците одат пешки, е една од легендарните реплики од оваа епизода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот