ВИДЕО | Известувачката за Косово во ЕП: Kосовските власти да ги повлечат специјалците и да седнат на преговарачка маса

Фото: Kossev

Известувачката за Косово во Европскиот парламент (ЕП), Виола вон Крамон ги повика косовските власти да ги повлечат специјалните единици на полицијата од северот на земјата, населен со мнозинско српско население, и да седнат на преговарачка маса.

Вон Крамон рече дека единствен начин за решавање на напнатата ситуација, предизвикана од влегувањето со полициско обезбедување на новоизбраните градоначалници Албанци во општинските згради во северно Косово и денешните протести на локалните Срби против нив, е дијалогот и конструктивното однесување на сите засегнати страни.

На денешната обраќање во косовската престолнина, претставничката на ЕП оцени дека Владата на Косово „ризикува со маневрирањата на северот“ на државата.

„Дали е тоа начинот на „добро владеење“ кој што го сакаме. Наместо тоа, треба да имаме повеќе мерки на градење на доверба. Дијалогот внатре во Косово е единствениот начин за излез од оваа ситуација. Ги повикувам косовските власти да размислат за преземање мерки за градење на довербата. Како пример, да ги повлечат специјалните единици и да седнат на преговарачката маса. Инволвираните страни да се заложат конструктивно во дијалогот за решавање на спорните прашања“, изјави вон Крамон.

Таа рече дека новите градоначалници се избрани на легитимен начин, но оцени дека „никој не може да владее со еден или два отсто освоени гласови“.

„Јас го посетив северот на земјата и сум загрижена загтоа што ситуацијата е напната. Таму има многу припадници на специјалната полиција. Градоначалниците се избрани легитимно, но тоа не подразбира дека тие имаат легитимна моќ да влезат во објектите и тој пристап да го обезбедат со употреба на сила. Никој не може да владее со еден или два отсто освоени гласови. Ситуацијата не е стабилна“, изјави вон Крамон.

На вонредните локални избори на 23 април годинава, кои Србите ги бојкотираа откако претходно минатиот ноември ги напуштија централните и локалните институции, победија кандидатите на партиите на етничките Албанци, но со исклучително ниска излезност на граѓаните со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот