ВИДЕО: Израел ја бомбардира Газа

Израел бомбардирање во Газа/ Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелските воени авиони ја бомбардираа Газа како одговор на запалените балони кои беа пуштени од страна на палестинците, кои предизвикаа пожари на југот на Израел, пренесува Франс 24.

Засега нема информации за можните жртви од бомбите, но според војската, бил нападнат објект во кој се произведувале оружја кои припаѓале на Хамас.

Милитантите од Газа испратија балони со запалив материјал кон Израел откако Египет посредуваше во склучувањето на договорот за прекин на конфликтот од пред неколку месеци.

Палестинците тврдеа дека со тие балони сакале да извршат притисок над Израелците, за да ги олабават рестрикциите кон Газа.

Поради тие балони, на јужниот дел од земјата избувнаа неколку пожари, кои потоа беа згаснати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот