ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Стојанов: Масовно се иселуваат младите, немаме податоци колку се заминати за Хрватска

Горан Стојановски- градоначалник на Неготино / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Околу 800 апликации на млади луѓе за работа во Хрватска има од општина Неготино. Градот иако меѓу првите има Слободна економска зона, нема ниту една фабрика во неа. Населението постојано се исселува, дел во Скопје, но голем дел и од границите на државата. За проблемите во градот, за тоа што може да им понуди општината на неготинци, но и за недостигот од работна сила во малите погони, во „Утрински печат“ на Слободна ТВ разговаравме со градоначалникот на Неготино д-р Горан Стојанов.

– Иако се наоѓаме во Централа Македонија со одлични сообраќајници, со железнички пристап до секаде, за жал нема фабрики и фирми кои работат. Во времето на транзицијата постоеја фабриката за кабли, за кондиторски производи, фабрика за конзервирање, винарската визба „Повардарие“. Тогаш Неготино живееше и граѓаните имаа мотив да останат да работат овде. Сега се е затворено-вели Стојанов.

Тој објаснува дека како градоначалник кој е на функција година и половина заедно со Советот на општината донеле одлука потенцијалните инвеститори да ги ослободат со дел од обврските како комуналии или данок со цел да се отворат нови работни места.

– Ние како општина не располагаме со податоци колку млади луѓе се заминати. Сето она што го знаеме е од луѓето со кои разговараме. Но тоа е тренд не само во Неготино туку и во многу други градови. Но бројот на запишани деца во прво одделение опаѓа од година во година. Од планирани лани 110 деца има запишани само 80 во едно училиште. Среднто училиште од две смени се сведе само на една смена- вели Стојанов.

Интензивно работат на развој на туризмот. За туристите направиле Соба на вино, има билборд на влез во градот за да се информираат туристите кои транзитираат низ Македонија, нудат вински туризам и се надеваат на развој.

– Општина Наготино прва почна со развивање на Слободните економски зони. Но сеуште нема ниту една фабрика. Сега ИГМ има обврска до 2024 година да изгради фабрика- вели Стојанов.

Со него разговаравме и за здравствениот дом во Неготино, за недостигот на медицински персонал, за тоа дека државата треба да се вклучи во развој на општината и да им се понудат на младите подобри услови за живот и работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот