ВИДЕО: Играта со балон со помош на Жерар Пике доби и Светско првенство

Победникот на Светското првенство во играта со балон заработи 10.000 евра/Фото: Принтскрин/Youtube/araujo brun

Пандемијата на коронавирусот и натаму е активна, таму некаде во првите месеци од нејзиниот старт мерките беа да се седи дома, со задолжителен карантин да се заштитиме од смртоносниот вирус, луѓето наоѓаа начини како да го поминат времето.

Досега во текот на пандемијата имаше различни предизвици од познати спортски личности, како на пример жонглирањето на тоалетна хартија, а исто така помеѓу бројните игри во домовите беше забавно играта одржување на балонот во воздух.

Антонио и Диего Аредондо, со нивната сестра Изабел, го поминаа своето второ детство скокајќи низ дневната соба во Орегон, обидувајќи се да го задржат балонот во воздух. Нивните исклучително забавни игри станаа вирални.

– Почнавме да се расправаме дали балонот удри на подот или не, па решивме забавено да ја снимаме играта за да видиме што се случи, а потоа конечно нашето видео беше објавено на Тик-Ток – рече Антонио за Ројтерс.

Ибаи Љанос од Шпанија кој објавува видеа на Јутјуб, стана голем обожавател на нивната игра, како и еден од најпознатите светски фудбалери, дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, кој исто така сака забава и има смисла за вклучување на други спортови, како што покажа со реформите во Дејвис купот.

Љанос се пошегува на Твитер во август дека играта треба да има свое Светско првенство, а Пике одговори дека ќе го организира доколку твитот на Љанос достигне 50.000 ретвитови. Ги имаше многу повеќе. Така, со малку маркетинг, случајната забелешка на Љанос минатиот викенд стана реалност во Тарагона.

Се натпреваруваа 32 тима од целиот свет. Диего Аредондо, кој во голема мера е заслужен за инспирацијата на турнирот, беше меѓу натпреварувачите кои се најдоа во арена која наликува на дневна соба опкружена со стакло. Во подоцнежните кола, сосема бизарно, автомобил беше паркиран на средина, но јасно е дека на секој успешен спорт му треба спонзор.

Онлајн бројките пораснаа на 600.000 гледачи, а турнирот стигна до финалето помеѓу Перуанецот Франсеско Де ла Круз и Германецот Јан Спиес. И 300 навивачи на местото (вклучувајќи ги и Серхио Агуеро и Жорди Алба) уживаа додека ги гледаа играчите како се фрлаат на теренот, скокајќи по мебелот и рушејќи столчиња. 18-годишниот Де ла Круз, кој излезе како победник на крајот подигна златен балон и заработи 10.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот