Видео I Немири во Љубљана: Демонстранти се судрија со полицијата, коњица на улица, хеликоптери во воздух

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Во Љубљана вечерва дојде до судири меѓу демонстранти и полиција за време на протестите за кои стои организацијата „Анонимус Словенија“. Маскирана група на луѓе се судри со полициски сили на Плоштадот на Републиката, а целата ситуација се претвори во драма, пренесува словенечко „Дело“.

Полицијата користеше водени топови и солзавец за растерување на демонстрантите. На местото на инцидентите стигна и министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

Според словенечкиот весник, демонстрантите се поделиле во групи и на неколку локации во главниот град се судрија со полицијата. Градот го надлетуваат хеликоптери, на улиците може да се слушнат експлозии додека има информации и за повреден новинар. Очевидци велат дека меѓу демонстрантите има и фудбалски хулигани, пишува „Дело“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот