ВИДЕО I Епинал: Едно лице двапати се прободе со нож на влез во полициска станица

Едно лице на возраст од околу трисетина години, намерно се прободе со нож со „две убодни рани во стомакот” во влезната сала на полициската станица во Епинал на истокот од Франција, јави дописникот на МИА.

ВИДЕО I Кој е напаѓачот од Рамбује кој уби невооружена полицајка: Единиците за антитероризам се во акција

Како што соопшти обвинителството, лицето е родено во Епинал во 1989 година и живееше во градот, па таму е и хоспитализиран.

Спречени можни атентати во Брест и Епинал

Според првичните елементи на истрагата, тој се претставил во полициската станица нешто пред 8 часот, тврдејќи дека бил сведок на убиство, објасни судијата. Одеднаш, на влезот, човекот, без да каже збор, го зеде ножот и си зададе „прилично брзо” две убодни рани во стомакот, според внатрешното видео на полициската станица, прецизира јавниот обвинител Никола Хајц. Присутните полициски службеници реагираа многу брзо. Тие интервенираа за да го разоружаат човекот и да му овозможат помош од службите за итни случаи, додаде тој.

Обвинителот рече дека тој отворил истрага особено за „поседување оружје од категорија Д”, во овој случај нож. Истрагата и е доверени на полициската станица во Епинал, додаде тој. Истрагата се однесува особено на личноста на овој човек „познат по различни мали криминални дела”, додаде Николас Хајц, нагласувајќи дека засега нема објаснување за овој чин на „доброволно осакатување”. Овој инцидент се случил десетина дена по атентатот, на 23 април, во влезната сала на полициската станица во Рамбује, Кде што живото го загуби полициската службеничка кај Стефани Монферме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот