ВИДЕО I Анализа на Андоновиќ: СПЦ го доби 46 патријарх, умерено решение наспроти националистичко

Фото: youtube/printscreen

Митрополитот загрепско-љубљански Порфириј (60) е избран за нов погловар на Српската Православна црква (СПЦ),, откако доби најмногу гласови за време на три и пол часовното гласање на црковниот сабор. Порфириј беше во тесна трка за гласови со владиката Иринеј бачки и бањалучкиот владика Јефрем.

Иринеј бачки беше владика кој ужива голема поддршка од актуелната власт и, пред сè, од претседателот Александар Вучиќ, со што уште од почетокот на изборот и гласањето се сметаше за еден од фаворитите за освојување на патријарскиот трон. Другиот табор за изборот како главен фаворит го протежираше дизелдорфскиот митрополит Григориј, кој беше под жестока кампања на актуелната власт, обвинувајќи го дека е прозападно ориентиран и поддржан од опозцијата и од странските служби.

Како умерено решение, сепак, беше избран Порфириј, кој, иако е од таборот на Иринеј Бачки, сепак се смета за умерен политичар во мантија.

Порфириј во изминатите години беше на чело на загрепско-љубљанската епаргија на СПЦ. Иако во комплицирани историско-политички релации меѓу Србија и Хрватска, тој успеа да задржи умереност во верското водење на Србите во Хрватска и досега не беше забележан ниту еден инцидент ниту, пак, изјава со која би привлекол негативно влијание од страна на Загреб.

За разлика од другите владици од постарата генерација како починатиот Амфилохие, Порфириј засега нема никакви скандалозни и експлицитни изјави против МПЦ, верското наследство на Косово или обидот за формирање на Црногорска православна црква.

Сето тоа, барем засега укажува дека СПЦ добила умерен патријарх со смирувачки повици за мир. Наредниот период ќе се покаже и каков став ќе заземе новиот патријарх околу прашањата и односите со МПЦ и обидот за формирање на Црногорска црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот