ВИДЕО: Хаос на белградскиот аеродром поради забуна со македонски патници

Во тек е евакуација на сите патници од аеродромската зграда и сите ќе мора повторно да ја поминат безбедносната контрола која веќе еднаш ја поминале, пишува неофицијално српски Блиц и додава дека тоа би можело да предизвика одложување и забавување на авионскиот сообраќај од аеродромот во Белград.

Според Блиц до проблемот во безбедносната контрола на аеродромот наводно дошло кога слетале патници од Северна Македонија и по слетувањето влегле во автобус кој по грешка ги однел на погрешен гејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Така завршиле во транзитниот дел, во кој не смееле да се затекнат зошто Северна Македонија не припаѓа во групата земји кои имаат неопходна дозвола за тоа.

Станува збор за меѓународно правило и немало отстапување од тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Патниците од Скопје се запрени и ќе мора повторно да ги поминат сите безбедносни контроли пред да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот.

Според проценките застојот ќе трае најмалку два часа.

Од аеродромот во Белград им се извинија на патниците за непријатностите и ветија дека наскоро ќе се нормализира состојбата.

-Сите аеродромски служби се во контакт со останатите учесници во авио сообраќајот и се презема се што е неопходно за да се нормализира сообраќајот во најкраток рок“, соопштија од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

И компанијата Ер Србија најави можни каснења поради инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот