ВИДЕО | Хајди Клум горда: „Крушата под круша паѓа“

хајди и лени клум вог

Хајди Клум во „The Late Late Show“ разговараше со водителот Џејмс Корден за ќерката Лени и нејзината кариера како модел, која допрва се гради.

Моделот му рече на Корден дека е подготвена ќерка ѝ да тргне по нејзините стапки. „Да, затоа што толку долго вознемируваше за тоа“, вели таа.

„Пресреќна сум што конечно е доволно возрасна и може да го направи тоа, сега има 17 години“, продолжи Клум, пред да зборува за гостувањето на насловната страница на германското издание на „Вог“ со нејзината ќерка. „Ѝ ја подадов штафетата“, вели таа за фотосесијата.

Кон крајот на минатата година, Лени влегла во модниот свет на насловната страница од германското изданието на „Вог“ за јануари/февруари 2021 година, заедно со нејзината мајка облечена во разнобојни соодветни панталони, без чевли.

„Тоа е најлудата работа“, вели гордата мајка. „Понекогаш се гледам себеси во неа затоа што сме доста опуштени и кога е таа е на снимање, како да сум јас. Таа е како мини-јас, но си ја врши своја работа. Забавно е да се гледа”.

Во периодот на нејзиното дебитирање, Лени напишала на „Инстаграм“: „Многу сум возбудена за мојата прва насловна страна! Многу се забавував на снимањето со @voguegermany, не можев да сонувам за подобар почеток!! Ви благодарам што бевте покрај мене @heidiklum”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

Заедно со корицата, фотографирана од Крис Колс, дуото од мајка и ќерка снимиле и симпатично видео за списанието, зборувајќи за тоа што ги поврзува една со друга. „Ти си мојот најдобар пријател затоа што можам да ти кажам сè“, вели Лени во клипот, пренесува „People“.

За време на интервјуто Клум го сподели советот што го имала за ќерка ѝ во новата професија. „За да бидеш среќна, за да ја сакаш личноста што ја гледаш во огледало, не дозволувај никој да ти каже што треба да направиш.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот