ФОТО: Пред 20 години Хајди Клум ја красеше насловната на германскиот „Гламур“, а денес нејзината ќерка

Instagram

Две децении откако Хајди Клум стана ја красеше првата насловна страница на германскиот магазин „Гламур“, нејзината 16-годишна ќерка Лени ја замени својата мајка во улога на модел на 20-годишнината од списанието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

Сакав да го правам ова уште од мала и бев толку вознемирена затоа што мајка ми не ми дозволуваше”, изјави младата манекенка за „Гламур“, додавајќи „Сега конечно можам да бидам модел, и поради тоа сум многу возбудена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

Лени на својот инстаграм-профил сподели фотографија од насловната страница.

Чест ми е што го споделувам ова со мајка ми која беше првиот модел на насловната страница на германскиот „Гламур“ “, напиша таа во описот на фотографија, а потоа објави и видео во кое се комбинираат фотографии од сегашната и насловната страница од 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leni Olumi Klum (@leniklum)

Оваа насловна страница претставува пресвртница во кариерата на Лени, која во јануари ја отвори и Модната недела во Берлин, само еден месец откако ја делеше насловната страница на германскиот „Вог“ со нејзината славна мајка.

Клум за првпат прозборе за аспирациите на нејзината ќерка да стане модел уште во декември, велејќи дека нејзината ќерка е конечно доволно возрасна за да започне сопствена кариера во светот на модата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот