
ВИДЕО | Граѓаните со апел до „Водовод“: Поправете ја чешмичката на кеј, неконтролирано тече вода!
Во услови кога голем дел од Скопје, особено повисоките зони во градот немаат вода, а од ЈП „Водовод и канализација“ постојано апелираат до граѓаните рационално да ја трошат и да не ја користат за наводнување, низ градот има примери дека дел од водата што е во надлежност на претпријатието или на општините неконтролирано се троши.
Препорачано
Граѓаните постојано се жалат дека повеќето од јавните чешмички не се функционални и на жештините немаат каде да се напијат вода или да се разладат. Но, не значи и дека сите чешмички што работат им служат на скопјани. Напротив, онаа поставена на кејот на Вардар веднаш до градскиот плоштад, наместо да тече – буквално прелева на сите страни. И додека околу неа е направен базен од пивка вода што неконтролирано тече, ниеден минувач не може да се напие вода од високиот и силен млаз што прска од чешмичката.
Поради тоа, овој пат граѓаните апелираат до „Водовод и канализација“ да се погрижат за рационално трошење на водата за пиење и што поитно да ја поправат чешмичката за да можат да ја користат минувачите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5