ВИДЕО | „Готват дотерани за Вог“: Кајли Џенер „сечка“ како Кендал, Крис вели дека е генетски

кајли џенер
Крис и Кајли Џенер / Фото: Принтскрин Инстаграм/Јутјуб

Кајли Џенер и нејзината мајка Крис Џенер снимија специјално видео за готвење за „Vogue“. Тие подготвија мартини и паста со зеленчук.

Кога пред нив се појави торбата со намирници, Крис ѝ рече на својата ќерка: „О Боже, дали денеска беше да пазариш? Леле, одлично ти оди, душо“, алудирајќи на нејзиниот иконски цитат од првата сезона на „Keeping Up with the Kardashians“, кога Ким Кардашијан позираше на фотосесија за „Playboy“, а гордата мајка ја бодреше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Крис и Кајли направија паста со брокула, моркови, тиквички, пиперки, маслиново масло и зачини. Откако гинаредија сите состојки, почнаа да сецкаат.

Препознатлив стил на сечење зеленчук

„Дали да сечам како Кендал?“, праша Кајли додека ја држеше тиквичката, повикувајќи се на видеото од шоуто на кое се гледа како Кендал Џенер се обидува да исече краставица. Обидот на Кендал да исече краставица стана вирален, а не е чудно зошто.

„Знаете што, тоа е генетски“, рече Крис низ смеа. На што Кајли одговори: „Генетски? Јас не сечам така“. Таа заклучила дека Кендал е „на нешто“ и дека нејзиниот начин на сечење ѝ дава „навистина добро чувство“.

Да потсетиме, видеото на кое се гледа како Кендал сече краставица беше дел од шоуто „The Kardashians“ кое се емитува на „Hulu“. Тогаш Кендал пристигна во домот на нејзината мајка во Калабасас и сфати дека е гладна, па сакаше да си направи нешто за јадење.

Таа го одби предлогот на нејзината мајка готвачот да ѝ приготви нешто за јадење и заклучи дека може сама да го подготви оброкот бидејќи сечењето краставица „не е тешко“. Како што се испостави, и не ѝ беше лесно. Видео предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот